Претставници на Британската Амбасада беа во посета на младинскиот центар Гнездо.
Разговарано е за почетоците на SupportKocani, како и тековните цели и акции. Предизвиците со кои се соочуваме и идеи за идни подобрувања на Кочани беа сегменти во кои покажаа посебна заинтересираност.
Огромен интерес покажаа и кон младинскиот центар и несебично ја понудија својата помош и соработка во идни работилници, како едукативни така и културни и спортски настани. Голема благодарност! – известија од Супорт Кочани.


