Денес низ улиците на Кочани гледаме десетици неефикасни метачи, кои метат по неколку часа без полно работно време само по главните улици и кејските патеки, додека другите делови на градот остануваат запуштени.
Резултатот? – кал, прашина, хаос и финансиски неисплатливо. Од друга страна, современите метларки – специјализирани камиони за чистење – можат за кратко време да исчистат повеќе улици, поефикасно и со помалку трошоци на долг рок.
Тие се користат во сите развиени градови, каде што чистотата е приоритет, а човечкиот труд е насочен кон други, поважни задачи. Наместо да плаќаме за армија метачи што работат по само неколку часа дневно, потребно е да се вложи во механизација што ќе го подигне нивото на хигиена во целиот град.
Ваквата инвестиција ќе овозможи редовно чистење, перење на улиците и навремено собирање на отпадот. Само со систематски пристап и стратегија Кочани може да ја врати сликата на уреден и чист град, достоен за своите жители.

