Денес, за прв пат ова лето, се запали градската депонија во Кочани.
Случајност или добро испланирано сценарио? На кого му сметаше чистиот воздух, во време кога имаше пеколни температури депонијата со месеци беше под целосна контрола – и без ниту еден пожар.
Како тоа баш денес, во денот кога премиерот беше во посета на градот, избувнува голем пожар којшто издигна црн чад и смрдеа?
Дали ова е уште една форма на подметнат пожар, со цел создавање на предизборна слика и пропаганда? Дали станува збор за “совпаѓање” или некој свесно си игра со здравјето на граѓаните? Дали има стражарска служба и дали работат поставените камери?
Граѓаните заслужуваат одговори – кој ќе понесе одговорност за ова? Зошто институциите дозволуваат секојпат да бидеме жртви на вакви сценарија? Време е да се каже гласно: чист воздух не смее да биде жртва на политички игри.

