Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината пред да го дадат својот глас на следните избори.
Шокантни детали од документарецот на ИРЛ за трагедијата во Кочани – Предметот „Пулс“ во рацете на судијка чиј брат е близок со Газда Деко.
Ова не е само приказна за болка и загуба – таа разоткрива како институциите, инспекторите, обвинителите и политичарите, кои требаше да нè заштитат, потфрлија во својата должност, велат од ИРЛ.
Документарецот на ИРЛ, кој веќе предизвикува силни реакции во јавноста, детално ја обработува трагедијата во Кочани и ја става под лупа улогата на институциите, судството и политичките врски што, според авторите, овозможиле системот да затаи на штета на жртвите и нивните семејства.
Авторите на документарецот апелираат сите граѓани да го погледнат филмот, кој нуди докази и сведоштва за тоа како интересите на моќни поединци можат да ја поткопаат правдата.
