По завршувањето на локалните избори 2025, граѓаните на Кочани избраа Совет каков што досега не сме виделе – составен од претставници на неколку партии и граѓански иницијативи.
Советници кои ќе го сочинуваат новиот Совет на Општина Кочани:
Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ (8 мандати):
1. Александар Андов
2. Лазо Митев
3. Марија Ананиева
4. Александра Соколова
5. Љубчо Ѓорѓиевски
6. Петар Медарски
7. Милена Јанева
8. Гоце Димитров
Група избирачи Благица Сабовљевиќ Стоименова (4 мандати):
9. Благица Сабовљевиќ Стоименова
10. Никола Крстев
11. Иван Мишев
12. Филип Цветанов
Коалиција за локални избори предводена од СДСМ (3 мандати):
13. Александра Коцева
14. Ивица Лазаров
15. Сашко Иванов
Група избирачи Влатко Здравков (2 мандати):
16. Влатко Здравков
17. Мануела Саидова
Движење ЗНАМ – За наша Македонија (1 мандат):
18. Суад Мехмед
Група избирачи Аќи Акиов (1 мандат):
19. Аќи Акиов
Овој состав претставува ново поглавје за Кочани – за првпат во Советот има толку разнолик политички и граѓански состав.
Ваквиот распоред на сили создава можност за поголема отчетност, дебата и вистинска застапеност на граѓанските интереси.
Кочани испрати јасна порака – време е за промени, соработка и реални резултати.

