Срната која пред неколку дена беше спасена од каналот за вода во Кочани имала прострелни рани во главата, пукано со карабин.
Човекот кој ја спасил раскажува дека животното плачело како бебе, по што веднаш била повикана полицијата и ловочуварот. Срната била сликана од страна на институциите и оперирана од ветеринар, кој потврдил дека раните се од огнено оружје.
Жителите алармираат дека неконтролираното пукање во околните предели станува сè почеста појава, а сè повеќе срни се убиваат, иако се заштитен вид со закон и за тоа следуваат строги казни.
Овој случај најдобро покажува во каков менталитет и неодговорност живееме, додека во другите држави луѓето викендите ги користат за прошетка низ шума, каде ги хранат и галат срните.
Време е институциите конечно да реагираат и да ја запрат оваа бруталност, а ловочуварите да ја преземат одговорноста што ја имаат кон природата, а не кон ловџиите.

