Донацијата од MEPSO и Енерго Систем, вредна над 1 милион евра, уште во 2013 година ја стави во функција осветлувањето на патеката, топовите за вештачки снег и машината за рамнење и одржување на снежните патеки.
Сепак, и покрај тоа што сè е набавено и инсталирано, љубителите на зимски спортови секоја сезона се надеваат — а потоа повторно се разочаруваат.
Дали оваа година конечно ќе ја добијат оваа долгоочекувана донација во реална употреба, или нè очекува уште една пропадната сезона?
Време е Општината сериозно да се заложи и конечно да го реши овој проблем, за Кочани да добие функционална зимска понуда која реално ја заслужува.

