Граѓаните од центарот на градот реагираат дека контејнерите се празнат во период од 03:00 до 04:00 часот, при што се создава силна бука од камионот и самите вработени кои работат на терен.
Бидејќи на оваа локација има голем број контејнери, празнењето создава значително вознемирување за жителите кои велат дека не можат да спијат од звукот на металните капаци, камионот и гласните разговори на работниците.
Жителите апелираат да се најде посоодветно време за празнење на контејнерите, со почитување на ноќниот мир и со поголема внимателност при работата.
Во централното градско подрачје мора да има рамнотежа помеѓу ефикасноста на комуналните служби и правото на граѓаните на мир и одмор.

