Денеска во Супорт Кочани и младинскиот центар Гнездо во посета беше евроамбасадорот во Македонија, г. Михаел Рокас.
Средбата беше можност да разговараме не само за болката што ја остави трагедијата, туку и за тоа што следува, за обврските што ги имаме кон настраданите, нивните семејства и иднината на градот.
Кочани останува град во кој трагедијата остави силен белег, но и град што може да стане пример како се гради опоравување кога заедницата, институциите и меѓународните партнери работат заедно. Сè уште има многу што треба да се направи, особено за оние кои и понатаму живеат со последиците и со неизвесноста што ја донесе оваа трагедија.
Амбасадорот во изминатите месеци лично разговарал со дел од настраданите. Сподели дека тие средби многу јасно ја покажуваат потребата од систем што ќе обезбеди навремена поддршка, подобри услови и континуирана грижа. Ова е нешто што бара сериозен и постојан ангажман, со фокус на решенија што навистина ќе направат разлика.
Ја нагласи и подготвеноста на Делегацијата на ЕУ да помогне во процесите што водат кон постабилни, поорганизирани и поефикасни решенија, особено во делот на поддршката за настраданите и подобрувањето на условите што им се потребни.
Кочани заслужува иднина во која луѓето ќе се чувствуваат сигурни, заштитени и поддржани. И ќе продолжиме да работиме додека тоа не стане реалност. – изјави Иван Ивановски.


