Железничката линија Кочани – Штип – Велес – Скопје со години е надвор од функција, а токму возот е едно од најекономичните и најеколошките транспортни решенија, какви што ги имаат речиси сите држави во Европа.
Новиот градоначалник мора да преземе сериозни чекори за нејзино враќање во употреба – модернизација, реконструкција и повторно воспоставување на редовни линии.
Со воведување на нови, побрзи возови кои можат да достигнат брзина до 110 km/h, односно новите кинески возови, директната железничка врска би била огромна придобивка за Кочани, особено затоа што секојдневно голем број граѓани патуваат кон Скопје за работа, студии и обврски.
Обновената железница не само што ќе го олесни транспортот, туку ќе придонесе и за намалување на сообраќајниот метеж, помало загадување и поврзување на Источниот регион со остатокот од државата.
Време е за конкретни чекори и враќање на железницата во Кочани.

