Поради лошите временски услови, повторно се појавуваат камени одрони на магистралната делница од Македонска Каменица кон Кочани.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ навремено интервенираат на терен и континуирано работат на расчистување и одржување на безбедноста на овој патен правец.
И покрај нивните напори, останува на сила апелот до сите возачи да се движат внимателно и со прилагодена брзина, согласно условите на патот.

