Екипи на ЕВН по детална проверка утврдија дека поради вода која продре во подрумските простории каде што е сместен трансформаторот, дел од корисниците ќе мора привремено да останат без електрична енергија.
Мерката е од безбедносни причини. Дополнително, екипи на Територијалната противпожарна единица Кочани неколку пати интервенираа со цел испумпување на водата, но поради постојаниот прилив ситуацијата останува непроменета.
Направени се сите напори за што побрзо решавање на проблемот и нормализирање на снабдувањето. Се апелира за трпение и разбирање додека траат активностите за целосно отстранување на водата и стабилизирање на системот.

