Обдукциските извештаи откриваат дека ниту една од 50-те жртви од пожарот во кочанскиот див ноќен клуб „Пулс“, кај кои како причина за смрт е утврдено задушување со јаглерод моноксид, немале ни приближно фатални нивоа за да умрат од тоа.
Воздухот во клубот „Пулс“ гореле токсични материјали како што е полиуретански сунѓер, кој кога гори испушта водороден цијанид. Обвинителите и вештаците по судска медицина го знаеле ова, но за време на истрагата не гo испитале присуствoтo на цијанид.
„Умираа, и во комбе, и пред лифтови, по скали, секаде умираа. Зборуваа, зборуваа, и паѓаа и умираа.“ Ова нема да е ни првата ни последна необична смрт што медицинскиот техничар Зоран Попов ќе ја посведочи таа ноќ.
Гитаристот на ДНК, Горан Тонев, во исказите пред надлежните опишува дека и тој се сеќава на некакви црни капки кои паѓале од плафонот и на присутните им ги палеле косите, иако немало пламен во близина.
Компанија „Силпен“, од каде што во 2012 година бил купен сунѓерот за звучна изолација, во количина од 95 килограми. Од компанијата побарале да им достават ист таков материјал. Анализите покажале дека не станува збор за графитен сунѓер, како што било наведено во проектната документација, туку за полиуретански сунѓер.
Полиуретанот е материјал без отпорност на оган, кој при согорување испушта густ, токсичен чад и водороден цијанид – гас со исклучително брзо и смртоносно дејство. За разлика од јаглерод моноксидот, кој дејствува постепено и нема мирис, цијановодородот предизвикува нагла дезориентација, губење координација, парализа и смрт во рок од неколку минути.
Целиот текст може да го прочитате на следниот линк: https://irl.mk/puls-kako-gasna-komora-od-chad-i-ci-aniden-gas-kako-navistina-umrele-zhrtvite-vo-kochani/?fbclid=IwY2xjawO362tleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZAwzNTA2ODU1MzE3MjgAAR5QAmQDrkQH0POmeMGl55sWBM0fvnHpzhYC5FnO7YittXgMRm8nIQcmzSiViQ_aem_CLnp95mMPDzn4n4fx-CiRA

