Во чест на трагично настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, се предлага изградба на Спомен-парк „Ангелите“, сместен помеѓу СРЦ Бавчалук и излетничкото место Гоцева шума.
Овој простор не би бил само место на тишина и почит, туку и симбол на живот, заедништво и движење напред.
Со проектот се предвидува поврзување на целиот потег со пешачко-велосипедска патека, како и специјална патека за трчање, со што би се создал единствен спортско-рекреативен комплекс достапен за сите граѓани.
Со уредување на речното корито и оформување на кружна рекреативна патека, овој дел од градот може да прерасне во модерен спортско-рекреативен парк, место за одмор, рекреација, но и достоинствено сеќавање.
Спомен-парк „Ангелите“ би бил траен потсетник на загубата, но и силна порака дека градот знае да памети, да почитува и да создава хумани простори за сегашните и идните генерации.





