Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната милитаризација, растечката климатска, еколошка и енергетска криза, маргинализираните меѓународни институции и суспендираното меѓународно право, кажа во новогодишната честитка, претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова.
,,За сите нас, најтешкиот момент во 2025-та година беше трагедијата во Кочани и таа како сенка ќе нè следи цел живот. Останува обврската да не ги заборавиме нивните најблиски, но и повредените, а најмногу – правдата“, порача претседателката.
Нивната немерлива жртва, како што рече, мора да направи подобри луѓе од сите нас, но и политички и правен систем којшто нема да дозволи нови невини жртви.
Лично, секому од вас, му посакувам Нова година каква што најмногу сака!
Среќна Нова 2026 година, сакани деца, среќна Нова година почитувани млади, среќна Нова година почитувани граѓани“, вели Сиљановска-Давкова.

