Граѓаните реагираат на сериозно оштетениот горен крак на улицата „Илинденска“, над кулата кај стариот Црвен крст. Улицата е целосно нефункционална, а секојдневното движење по неа резултира со оштетување на возилата на жителите.
По бројни интервенции на КЈП „Водовод“, улицата остана ископана, без соодветна санација. Дополнителен проблем се оштетените шахти и решетки за атмосферска канализација, кои претставуваат сериозна опасност и за возачите и за пешаците.
Граѓаните бараат итно и трајно решавање на овој децениски проблем, а не привремени интервенции кои само ја влошуваат состојбата. Оваа улица заслужува целосна реконструкција и безбедни услови за сообраќај.



