Пристигнаа голем број реакции од граѓаните и со право се поставува сериозно прашање: дали безбедноста и човечкиот живот вредат помалку од едно паркинг место?
Непрегледноста кај пешачките премини е значително зголемена со новиот режим, особено поради исцртани паркинг места непосредно пред самиот пешачки премин. Проблемот е уште поголем кога на тоа место е паркирано поголемо возило или кога пешак – најчесто дете – чека да премине улица и воопшто не може да биде забележанo од возачите.
Ова претставува реална опасност и сериозен ризик за безбедноста на пешаците.
Апелираме надлежните институции навремено да реагираат и овој проблем итно да биде решен, пред да дојде до несакани последици. Безбедноста мора да биде приоритет.

