Осветлувањето покрај реката на улицата Маршал Тито веќе цел месец не функционира, а реакција од општината сè уште нема. Се поставува логично прашање: дали општината нема интерес да ги решава проблемите на граѓаните, или проблемот е од поинаква природа?
Во јавноста се отвора и дилемата дали се прави некаква компензација за неплаќачите кои се приклучени на уличното осветлување. Дополнително загрижува фактот што истата состојба е присутна и на влезовите во градот, каде дел од светлата се изгасени и создаваат чувство на небезбедност.
Ваквото несериозно работење директно ја нарушува сликата на општината. Наместо унапредување и поставување на нови места, за жал не се одржува ниту постојното.
Граѓаните не бараат луксуз, туку основна функционалност, безбедност и одговорност одговорните.

