Дали при асфалтирање на улиците воопшто се почитуваат пропишаните стандарди и дали улиците се проектирани за движење на тешки товарни возила. Факт е дека улиците една по една се распаѓаат под притисок на тешките градежни камиони.
Асфалтирањето мора да се врши по прописи, со соодветна подлога, дебелина на слоеви и материјали, а истовремено мора јасно да се утврди колку тони може да издржи секоја сообраќајница. Во спротивно, секоја инвестиција е залудна.
Кружниот тек кај полициската станица е целосно уништен, а булеварот Тодосија Паунов, на потегот помеѓу Двојниот мост и Стришани, полека но сигурно пропаѓа, пред полициската станица се асфалтираше повеќе пати поради брзо уништување.
Залудно се трошат пари ако нема стандарди, контрола и јасни правила за користење на улиците. Без систем и одговорност, секое ново асфалтирање е само привремена козметика, а проблемот останува ист.

