Ја повикуваме целата јавност да ни се придружи и да даде поддршка на Маршот на ангелите.
📅 Сабота, 28.02.2026
⏰ 15:05 часот
📍 Паркот на револуцијата – Кочани
Маршираме со тивка болка, но со силен глас.
Маршираме за оние што не се со нас, а присутни се во секој наш здив.
Маршираме затоа што им должиме вистинска правда — не половична, не одложена, не премолчена.
Ова не е само марш.
Ова е чекор за достоинство.
Чекор за вистината да не биде скриена.
Чекор за правдата да не остане недостапна.
Вашето присуство е сила. Поддршка. Обврска кон нашите ангели.
Да покажеме дека болката не нè скршила — туку нè обединила во борбата за она што им следува.

