По нашата реакција, поставени се заштитни столбови пред сите пешачки премини, со што значително е подобрена прегледноста и безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
Ова е голем чекор кон побезбедна и поуредена општина. Ваквите позитивни промени и слушањето на гласот на граѓаните се за секоја пофалба. Само со заеднички напор можеме да го направиме нашиот град подобро место за живеење.
Секоја промена, макар и мала, е видлива и корисна за сите. Се надеваме дека ваквиот пристап на општината ќе продолжи и во иднина.

