Граѓаните алармираат дека неодговорноста на градските власти довела до сериозно оштетување на плочките во градскиот парк.
Се поставува прашањето: зошто се дозволува движење на комбиња и камиони по пешачките патеки? Токму поради тоа, голем дел од плочките се искршени и уништени.
Овој простор беше реконструиран пред неколку години и наместо да се одржува – се остава да пропаѓа. Дополнително, оштетено е и подното осветлување, што уште повеќе ја влошува состојбата.
Потребно е итна санација на сите оштетени плочки, поправка на осветлувањето, забрана и движење на возила по пешачките патеки.
Јавниот простор е за граѓаните, не за тешки возила. Редот мора да се воспостави веднаш.


