Најавата за инвестиции од 5,5 милиони евра во Кочани дојде со голема помпа и владина делегација – токму во период кога градот се сеќава на тешка трагедија. Наместо конкретна работа на терен, видовме фотографии и ветувања.
Само неколку дена подоцна – машините ги нема, активностите се повлечени. Се поставува прашањето: дали повторно ќе гледаме одолговлекување со години, за на крај пред избори да се сечат ленти и да се претставуваат како „нови проекти“?
Граѓаните не бараат спектакл, туку резултати. Мост од неколку метри и влез од еден километар не се проекти што треба да се градат со години.
Реконструкцијата на булеварот „Тодосија Паунов“ трае предолго за толку кратка делница, додека граѓаните секојдневно се движат по раскопани и оштетени улици.
Во меѓувреме, приватни објекти се градат за неколку месеци, а јавни проекти од минимален обем се влечат со години.
Доколку навистина има волја за промени – започнете, работете и завршете. Без калкулации, без чекање избори. Граѓаните заслужуваат функционален град – не празни ветувања.

