Стартуваат градежните активности за изградбата на мостот на Кочанска Река помеѓу улиците Вера Которка и Лазар Андонов како и изведбата на потисниот цевковод.
Со изградбата на мостот значително ќе се подобри сообраќајната поврзаност и безбедноста во овој дел од градот, ќе се растерети централното градско подрачје во делот кај кружните текови и ќе се растерети сообраќајниот метеж а додека потисниот цевковод ќе овозможи подобрување на водоснабдувањето , обезбедување чиста и квалитетна вода за пиење , како и поголем притисок на вода до крајните корисници.
Овие инфраструктурни зафати претставуваат важен чекор кон подобри услови за живот и развој на градот.

