Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот што избувна вчера доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница.
Дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба, изјави за МИА Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководител на одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската Општа болница.
Биланс од пожарот:
18 повредени;
16 хоспитализирани;
6 на скопските клиники поради токсиколошки наод од вдишување чад;
5 на интерно одделение во Кочани заради инхалациони повреди;
4 на хируршко одделение во Кочани поради изгореници од прв и втор степен;
1 на хируршко одделение во Кочани поради повреди од вдишување

