Што правиме со дивоградбите угостителски објекти во трговски, за кои поднесов кривична пријава пред точно 5 месеци, бидејќи имав саботажа од општинските инспектори?! Треба ли да се случи нова хаварија со човечки жртви за да се постапува? Што значи правда за Кочани, ако лекцијата не е научена?
Извадок од излагање на обвинителот Борче Јанев:
Ако овој објект ги исполнуваше стандардите,
ако вратите беа доволни и проодни,
ако плафонот и ѕидовите не беа обложени со отров што убива побрзо од пламен,
ако имаше функционална вентилација,
ако постоеше противпожарен систем,
ако имаше навремена контрола, надзор и санкција,
— пожарот сам за себе ќе се запаметеше како опасен инцидент, но не и како масовна гробница.
Затоа денес бараме одговорност по име и презиме,
Бараме правда,
Правда, но не заради утеха и одмазда
Правда како последица на незаконитост..
За светлата во дискотеките никогаш повеќе да не го заслепат разумот и за ниту еден лажен сјај, самоволие и привид на контрола и постапување… никогаш повеќе да не бидат посилни од човечкиот живот. – истакна обвинителот.

