Граѓаните реагираат дека пред основното училиште „Раде Кратовче“ секојдневно владее сообраќаен хаос. Тротоарите се постојано блокирани со паркирани автомобили, поради што пешаците, а особено децата, се приморани да се движат по коловозот и директно се изложени на опасност.
Дополнително, честа појава е и паркирање возила во самите сообраќајни ленти, што го отежнува движењето и ја зголемува опасноста од сообраќајни незгоди, особено во утринските и попладневните часови кога има најголема фреквенција на ученици и родители.
Граѓаните бараат итна реакција од надлежните институции, засилен надзор и преземање конкретни мерки за да се обезбеди безбедно движење и заштита на најмладите.


