Во Штипско-Кочанскиот регион, поради обилните врнежи е зголемен водостојот на реките и одводните канали. Кочанска река има локално излевање кај село Горни Подлог, каде што интервенира КЈП Водовод Кочани со механизација. Оризарска река има излевање кај село Грдовци, каде што интервенира Водостопанство „Брегалница”, а МВР ПС Кочани врши обезбедување и го регулира сообраќајот. Зрновска река има излевање пред вливот во Брегалница, а состојбата ја следи РЦУК. Злетовска река и Брегалница се со зголемен водостој, но без излевање. На патниот правец Македонска Каменица – рудник Саса, Македонија пат интервенира поради одрон.

