Советот даде зелено светло и го изгласа предлогот во стариот парк помеѓу улиците „Кеј на Револуцијата“ и „Браќа Ставреви“ да се изгради „Патека на бесконечноста“ и споменик „Ангел“.
Наместо да се избере нова локација и Кочани конечно да добие нов, голем и функционален парк, граѓаните преку оваа одлука практично прифатија уште една ситна реконструкција на веќе постоечкиот парк. Иако постоеја и далеку подобри и покорисни места за изградба на нов, современ зелен простор за сите генерации, шансата повторно беше пропуштена.
Кочани има потреба од квалитетни јавни простори, зеленило, содржини за деца, млади и семејства. Со оваа одлука, градот останува без вистинска новина, а добива уште едно „преработување“ на истото место.

