Во Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани конечно е инсталирана новата современа ласерска и мобилна кино-опрема од реномирани производители од САД, Јапонија и Австрија, во вредност од 1.200.000 денари, набавена преку финансиска поддршка.
Иако донацијата беше добиена пред околу шест месеци, опремата дури сега е ставена во функција. Останува отворено прашањето – што работеше менаџментот во изминатиот период, додека во други градови се одржуваат редовни кино-програми, премиери на најнови филмови и се полнат салите?
По повеќе од 60 години, Кочани доби модерна кино-опрема – но дали таа ќе се користи целосно и дали конечно ќе има неделна континуирана програма за граѓаните, останува да видиме.
Исто така, се поставува прашањето дали објектот ќе добие енергетски ефикасно и еколошко греење, наместо користење дрва и нафта, со цел современи услови за посетителите и одржливо функционирање на установата.

