Општина Аеродром спроведува засилен инспекциски надзор, при што е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице поради прекршување на Законот за јавна чистота. Ваквата пракса покажува дека во други општини контролите се спроведуваат и санкциите се применуваат кога се загадуваат јавните површини.
Во меѓувреме, граѓаните на социјалните мрежи речиси секојдневно објавуваат фотографии од градилишта и камиони кои излегуваат на улица со кал на гумите и ја загадуваат јавната инфраструктура во Кочани.
Затоа се поставува прашањето — колку инспекциски контроли се спроведени и колку компании се санкционирани во Кочани по оваа основа? Транспарентноста и јасните податоци од општинските служби би биле важен чекор кон подобра заштита на јавната чистота.

