По бројните реакции на граѓаните и неуспешното „бетонирање“ на ударните дупки, општината сепак реши да ангажира фирма за квалитетна санација со асфалт – како што и треба од самиот почеток.
Ова е позитивен чекор.
Но останува клучното прашање: дали општината ќе може да закрпи колку што КЈП Водовод ќе раскопа?
Токму честите и несоодветно санирани раскопувања се една од главните причини за катастрофалната состојба на улиците во градот. Наместо трајни решенија, добиваме постојани интервенции, нови оштетувања и дополнителни трошоци.
Апсурдно е граѓаните да плаќаат двапати – еднаш за лошо изведени работи и вторпат за нивна повторна санација. Обврска на претпријатието што раскопува е квалитетно да ја врати површината во првобитна состојба.
Без координација, контрола и одговорност, ќе продолжиме да трошиме јавни средства за туѓи грешки.
Градот не смее да биде постојано градилиште без крај и без квалитет.

