Во спомен на настраданите во трагедијата во „Пулс“, КПС „Осоговски орел“ – Кочани спроведе акција за пошумување во месноста Пресечена Скала.
– На неодамна опожарен терен над Фабриката за вода засадивме 300 млади багреми, во сеќавање на сите што ги изгубија животите во „Плус“, меѓу кои се и нашите членови, Ѓорѓи Величков и Диме Димитриев – велат од КПС „Осоговски орел“.
Со оваа еколошка и хумана иницијатива, од КПС „Осоговски орел“ испратија порака дека споменот на настраданите ќе продолжи да живее и преку дела што создаваат нов живот и ја обновуваат природата.
По завршувањето на пошумувањето, беше реализирано и пешање на релацијата од Пресечена Скала, преку Мактеон, до водопадите на Кочанска Река. Рекреативците поминаа патека долга 8 км.

