🕯️ 41 МАРШ НА АНГЕЛИТЕ
🤍 Првпат во Штип
За првпат, чекорите на тагата, достоинството и барањето правда ќе одекнат и во Штип.
Во знак на почит кон нашите 63 ангели, кон повредените и кон сите семејства што повеќе од една година ја носат најтешката болка, ве повикуваме да ни се придружите на 41-виот Марш на ангелите.
📍 Штип – Плоштад „Слобода“
📅 18.04.2026 (сабота)
🕓 Собир: 15:50 часот
🚶 Почеток на маршот: 16:05 часот
Ова не е само марш.
Ова е чекор за сеќавање.
Чекор за вистината.
Чекор за правда.
Ќе чекориме мирно, достоинствено и гласно ќе потсетиме дека нашите најмили не смеат да бидат заборавени и дека правдата не смее да доцни.
Не забораваме. Затоа чекориме.
Правда за нашите ангели🕯️🙏🤍

