По нашата иницијатива за проширување на кружните текови во две ленти, со оглед дека станува збор за булевар, од Општината одговорија позитивно.
Започнаа градежни работи на кружниот тек кај Двојниот мост. Со стеснување на кружниот тек се очекува овозможување движење во две ленти, што ќе придонесе за подобро и пофункционално одвивање на сообраќајот. Од три страни веќе се обележани и направени промени во лентите.
Останува да се доврши уредувањето на кружниот тек, како и целосно ослободување на булеварот кон Стришани од паркирани возила, за да може да се користи како што е предвидено – со движење по сите четири ленти.
Дополнително, секое исклучување десно треба да биде решено со т.н. „зелена линија“, односно директно исклучување без непотребно вклучување во кружниот тек, со што значително ќе се намалат гужвите и застојот.
Ова е едноставно, практично и веќе докажано решение. Се надеваме дека ваквиот пристап ќе продолжи и во наредниот период.

