Според објавените фактури, за реновирање на објектот биле потрошени само 96.000 денари за материјали како сунѓер за звучна изолација, поликарбонат и акрилни плочи, што јасно покажува дека безбедноста била на последно место. Дополнително, хидрантот во објектот бил неисправен и без црево, а прозорците биле затворени со гипс-табли, оневозможувајќи каква било евакуација.
Зошто во доказните материјали за случајот ги нема снимките од безбедносните камери, иако ДВР-уредот останал недопрен во пожарот, но во доказниот материјал го нема, екслузивна слика која покажува дека уредот бил поврзан со ЛАН кабли и целиот настан бил снимен но уредот го нема.

Дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што во трагичен пожар загинаа 63 лица, била темпирана бомба направена од евтини и лесно запаливи материјали, а нејзината работа била овозможена преку систем на фалсификувани документи, мито и целосно замижување на институциите, открива деталната анализа на порталот PortalX.
