Утрово во Кочани владее исклучително зголемено полициско присуство. Десетици комбиња со специјалци се распоредени на влезовите од градот и низ централните улици. Градот е практично под полициска опсада додека започнува еден од најголемите и најчувствителни судски процеси во поновата историја на Кочани.
Денес на обвинителна клупа ќе седнат 34 физички лица и 3 правни субјекти, обвинети за тешки дела против општата сигурност поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“.
Судењето ќе го води судијката Дина Груевска Илиевска, а обвинението ќе го застапуваат 15 обвинители, што говори за сериозноста и обемноста на целиот случај.
Граѓаните со големо внимание го следат процесот, а очекувањата се дека конечно ќе се утврди вистината и ќе се обезбеди правда за жртвите, нивните семејства и целата јавност.

