Почитувани претставници на медиумите,
Со овој текст упатуваме ИТЕН АПЕЛ за сериозен и долготраен проблем со агресивна глутница бездомни кучиња на локација ул. „Кеј на Револуцијата“ бр. 5, директно пред влезот на станбената зграда.
На наведената локација секојдневно се движи поголема група кучиња кои покажуваат изразено агресивно однесување, со реални напади врз минувачи. Станарите се во постојан страв и не можат безбедно да пристапат до своите домови, а посебно сме загрижени за безбедноста на децата и повозрасните лица. Состојбата е алармантна и опасна.
Дополнителни информации:
Укажуваме дека кучињата подолг период се задржуваат и хранат на оваа локација од страна на лице, жител кое живее во непосредна близина. Истото лице секојдневно вади отпад од контејнерите и ги храни кучињата на јавна површина и приватен имот, со што се создава глутница и се поттикнува нивната територијалност и агресивност, исто така често врзува кучиња во дворот со синџири и лаат без престан, направена е голема депонија од расфрлано ѓубре.
Станарите повеќепати имаат укажувано на опасноста, а во изминатиот период е забележан многу напади и напад врз мало дете.
Наши барања:
* Итна интервенција за заловување и безбедно отстранување на агресивните кучиња.
* Инспекциски надзор и преземање соодветни мерки за несовесно хранење и загадување на јавна површина.
* Трајно и системско решавање на проблемот со цел спречување на понатамошна ескалација и повреди.
Напомена:
Ве информираме дека оваа пријава, заедно со сите докази, веќе е официјално доставена до Општина Кочани (Градоначалник и Сектор за комунални дејности), Државниот комунален инспекторат, Министерството за внатрешни работи (МВР – ПС Кочани), како и до Агенцијата за храна и ветеринарство.
Бараме итно постапување и писмен одговор за преземените мерки. Оваа пријава ја сметаме за последно предупредување пред да бидеме принудени да покренеме понатамошни институционални и правни постапки за заштита на нашата безбедност.
Со почит,
Група загрижени граѓани – станари на ул. „Кеј на Револуцијата“


